Согласно новиот Статут избрани се четири потпретседатели, и тоа Цветанка Макаровски, Димитар Костадинов, Шабан Сеидиу и Перо Антиќ
Македонскиот олимписки комитет денес, на 36 дена пред почетокот на Олимписките игри во Токио, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ го одржа редовното собрание, пренесува „Спорт медиа“.
Согласно новиот Статут избрани се четири потпретседатели, и тоа Цветанка Макаровски, Димитар Костадинов, Шабан Сеидиу и Перо Антиќ.
За членови на УО на МОК едногласно се избрани Даниел Димевски – претседател, Сергеј Самсоненко, Нина Балабан, Тони Стојановски (Стопанска Банка), Љупчо Васовски (Тинекс), Петар Денковски (Веро), Мухамед Зекири, Васко Ковачевски (ЕСМ), Емил Стоименов (Канал 5), Вања Туџаров (Реплек), Ленче Алексовска-Величковска, како и националните спортски федерации од спортовите фудбал, ракомет, одбојка, скијање, таеквондо, пливање, гимнастика, триатлон, кајак, голф, мечување и спортско качување, кои го имаат мнозинството на гласови во УО на МОК.
На ова Собрание е презентиран Деловникот за работа, како и новиот Статут со кој се регулираат правата и обврските на олимписките национални спортски федерации, кои секогаш ќе го имаат мнозинството во Собранието и во Управниот одбор на МОК.