Саботата беше четврти ден по ред во кој покраината Хубеи, чиј главен град е Вухан, не пријави нови случаи
Во изминатите седум дена Кина пријави нови 313 увезени случаи на коронавирис и само шест случаи на локална трансмисија, покажуваат податоците на националната здравствена комисија.
Најголем дел од увезените случаи вклучува Кинези кои се вратиле од странство. Во меѓувреме, на авиокомпаниите им е наредено од денеска драстично да ги редуцираат меѓународните летови, а од вчера на сила се ограничувања за странците што влегоа во земјата.
Вчера починале пет лица како последица на вирусот. Сите се од Вухан, индустрискиот центар од каде почна епидемијата. Меѓутоа, во последните десет дена Вухан пријави само еден нов случај.
Саботата беше четврти ден по ред во кој покраината Хубеи, чиј главен град е Вухан, не пријави нови случаи. Во Вухан вчера пристигна првиот воз откако градот беше ставен во карантин пред два месеца. Од покраината се уште има ограничувања на авионските летови.