Домаќинот на самитот – Индија, ги притисна членките на Г-20 да дадат заедничка изјава во која се осудува употребата на сила за да се добие територија, но директно не ја критикуваа Русија. По завршувањето на самитот, официјален Киев рече дека Г-20 нема „со што да се гордее“, а рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој беше замената на претседателот Владимир Путин на самитот, прогласи дипломатска победа во неделата.
Во неделата, 10 септември, индискиот премиер Нарендра Моди го затвори самитот на Г-20, кој ги смири страстите и длабоките поделби околу војната во Украина и климатските промени.
Лидерите на групата дваесет најразвиени земји, во која спаѓаат Русија и Кина, како и некои од најсилните сојузници на Украина, долго време беа поделени околу војната во Украина и не можеа да се договорат за ништо, особено за инвазијата која трае веќе 18 месеци.
Домаќинот на самитот – Индија, ги притисна членките на Г-20 да дадат заедничка изјава во која се осудува употребата на сила за да се добие територија, но директно не ја критикуваа Русија.
По завршувањето на самитот, официјален Киев рече дека Г-20 нема „со што да се гордее“, а рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој беше замената на претседателот Владимир Путин на самитот, прогласи дипломатска победа во неделата.
„Успеавме да ги спречиме обидите на Западот да ја ‘украинизира’ агендата на самитот“,
рече Лавров оценувајќи го дводневниот собир на светските лидери како „успешен“.
Тој, исто така, нагласи дека во текстот воопшто не се споменува Русија.
Во неделата Моди формално го затвори самитот предавајќи му го церемонијалниот подарок на бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, чија земја ќе го преземе претседавањето со блокот Г-20 во декември.
„Не можеме да дозволиме геополитичките прашања целосно да доминираат во дискусиите на агендата на Г-20. Ние не сме заинтересирани за поделена Г20. Ни треба мир и соработка наместо конфликт“,
рече Лула, имплицитно мислејќи на контроверзноста околу војната во Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин не учествуваше на самитот на Г-20 во Њу Делхи, а бразилскиот претседател Лула најави дека тој ќе може да учествува на самитот следната година во Рио де Жанеиро, иако Бразил е еден од потписниците на Меѓународниот кривичен суд, кој издаде налог за апсење на рускиот лидер за воени злосторства.
„Ако јас сум претседател на Бразил и ако тој дојде во Бразил, нема шанси да биде уапсен“,
изјави Лула за индиските медиуми.