Во текот на денешниот ден за предвремените избори за градоначалник на општина Штип и Пласница, своето право на глас ќе можат да го остварат лицата кои се на издржување казна затвор или се во притвор и болните и немоќните лица.
„На гласачките места во казнено поправните установи на територијата на РСМ своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 67 гласачи кои се од општина Штип и 1 гласач од општина Пласница. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7:00 часот и гласањето таму ќе трае до 19:00 часот. До овој момент гласањето тече без никакви проблеми“,
информира Државната изборна комисија.
Избирачките одбори ќе го спроведат и гласањето на лица кои се болни или немоќни, или во куќен притвор, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација.
Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 142 гласачи кои се пријавиле како болни или немоќни, и тоа 66 гласачи во општина Штип и 76 гласачи во општина Пласница.
„Денеска се спроведува гласање и во еден центар за вонсемејна грижа каде што се сместени двајца гласачи кои се од општина Штип“,
информира ДИК.