На денот на бегството, 20 мај, затвореникот со иницијали Д. К. од затворскиот полицаец, кој во моментот бил на смена, ја побарал службената магнетна картичка за отворање на безбедносната врата од Отвореното одделение, со образложение дека ќе оди во друг дел од одделението, каде што претходно бил работно ангажиран
Откако избегал, се впуштил во уште едно кривично дело – со пиштол влегол во казино во скопската населба Гази Баба и од вработената одзел пари, по што полицијата го уапсила
Министерството за внатрешни работи (МВР) до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе кривична пријава против 47-годишен затворски полицаец со иницијали Ј. Ј., вработен во затворот „Идризово“, бидејќи противзаконски ослободил затвореник.

На денот на бегството, 20 мај, затвореникот со иницијали Д.К. од затворскиот полицаец, кој во моментот бил на смена, ја побарал службената магнетна картичка за отворање на безбедносната врата од Отвореното одделение, со образложение дека ќе оди во друг дел од одделението, каде што претходно бил работно ангажиран.
„Откако осуденото лице ја отворило безбедносната врата, му ја вратило картичката на сопственикот, а потоа се оддалечило кон ‘зелената капија’. Нешто подоцна, при извршена проверка на бројната состојба, било констатирано дека осуденото лице недостасува, односно дека побегнало од затворот“,
се наведува во соопштението на МВР.
Откако избегал, осуденикот се впуштил во уште едно кривично дело – со пиштол влегол во казино во скопската населба Гази Баба и од вработената одзел пари, по што полицијата го уапсила.
Полицијата соопшти дека при лишувањето од слобода полициските службеници испукале еден предупредувачки куршум. Кај него биле пронајдени и одземените пари и пиштол со муниција.