На Клиника затвореникот е донесен во тешка здравствена состојба. И покрај укажаната лекарска помош, тој почина речиси еден час по примањето во болница
Затвореник од затворот „Идризово“ рано утрово е примен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по што починал, информираат од Министертвото за внатрешни работи (МВР).

Според докторите, тој бил донесен во тешка здравствена состојба.
„На 02.08.2025 година во 01:20 часот од Комплекс клиники ‘Мајка Треза‘ е пријавено дека за укажувањее помош е донесен затвореникот С.Д. од КПД затвор ‘Идризово‘. Поради тешката здравствена состојба, починал во 03.07 часот“,
се вели во полицискиот извештај.
Јавен обвинител издаде наредба да се изврши обдукција.