Владата, се додава во соопштението, им препорачува на работодавачите од приватниот сектор на територијата на Република Северна Македонија, да ги спроведат овие заклучоци

Деновите кога ќе се одржат претседателските и парламентарните избори, 24 април и 8 мај, ќе бидат неработни денови за сите граѓани. Ова е одлуката која владата ја донесе на денешната седница.
„Владата на денешната седница, ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за труд и социјална политика за прогласување на 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) за неработни денови, поради одржување на избори за претседател на Република Северна Македонија и избори за пратеници во републичкото Собрание“,
се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Владата, се додава во соопштението, им препорачува на работодавачите од приватниот сектор на територијата на Република Северна Македонија, да ги спроведат овие заклучоци.
Во Информацијата од Министерството за труд и социјална работа, додаваат од Владата, е посочено дека потребно е секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас, во избирачката единица во која е регистриран.