Автобусот извршувал редовен превоз на патници на релација Истанбул – Приштина
На граничниот премин „Деве Баир“ е запленет автобус со косовски регистарски таблички, специјално конструиран и прспособен за криење стока, информираат од Царинската управа.

Автобусот извршувал редовен превоз на патници на релација Истанбул – Приштина.
„При извршената контрола во делот на просторот за багаж во автобусот, во горниот дел со отстранување на завртките на дрвената даска е откриен простор што не е фабрички и е продолжен за 10 сантиметри по целата должина на багажниот простор на автобусот, што претставува специјално направена преграда или бункер“, се вели во соопштението од Царина.
Оттаму додаваат дека до надлежниот суд ќе биде поднесена соодветна пријава за возачот на автобусот, кој е косовски државјанин, поради прекршување на царинските регулативи.