Целта на подметнувачите било возилото на италијанската советничка кое е целосно уништено, при што бил оштетен и друг автомобил. Грчките медиуми јавуваат дека во близина на местото на настанот биле пронајдени шишиња со запалива течност, запалки и кибритчиња. Засега не е познато кој го подметнал пожарот во автомобилот ниту, пак, мотивот за нападот
Во грчка населба Папагу во Атина во текот на ноќта бил запален паркираниот автомобил на првата советничка во амбасадата на Италија во Грција, Сузана Шлајн, јавуваат грчките медиуми.
Засега не е познато кој го подметнал пожарот во автомобилот ниту, пак, мотивот за нападот.
Целта на подметнувачите било возилото на италијанската советничка кое е целосно уништено, при што бил оштетен и друг автомобил. Грчките медиуми јавуваат дека во близина на местото на настанот биле пронајдени шишиња со запалива течност, запалки и кибритчиња.
Според противпожарната служба на Грција, во гаснењето на пожарот на автомобилот учествувале 18 пожарникари со шест возила.
Нападот го осудија италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани и премиерката на Италија, Џорџа Мелони.
„Напад врз првиот советник на италијанската амбасада во Грција. Ѝ телефонирав Сузана Шлајн за да ја изразам мојата солидарност“,
напиша италијанскиот министер за надворешни работи на Твитер.
Тој во објавата додава дека денеска ќе се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и ќе ја посети италијанската амбасада.
Attentato contro il Primo Consigliere dell’Ambasciata d’Italia in #Grecia. Ho telefonato a Susanna Schlein per esprimerle la mia solidarietà. Oggi sarò ad #Atene per incontrare il Primo Ministro @kmitsotakis. Visiterò l’Ambasciata d’Italia.
— Antonio Tajani (@Antonio_Tajani) December 2, 2022
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, изрази загриженост поради нападот нарекувајќи го анархистички.
„Ја изразувам мојата лична солидарност до првиот советник на италијанската амбасада во Атина, Сузана Шлајн, и длабоката загриженост за нападот што ја погоди, кој веројатно беше од анархистичка природа“,
рече Мелони.
Осуда за нападот на автомобилот на италијанската дипломатка изрази и Министерството за надворешни работи на Грција од каде што посочија дека ваквите неприфатливи дејствија никако нема да ги нарушат односите и пријателството меѓу Грција и нејзиниот партнер и сојузник Италија.