Овој процес на дијалог, воспоставен во 2018 година, првично беше олеснет од покојниот европратеник Едуард Кукан (ЕНП), како и Кнут Флекенштајн (С&Д) и Иво Вајгл (АЛДЕ), заедно со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери за време на 8-от парламентарен мандат
Претседателот на Собранието Талат Џафери заедно со потпретседателот Хусни Исмаили, координаторите на пратеничките групи на СДСМ, Јован Митрески, на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицески, координаторот на ДУИ, Арбер Адеми, координаторот на Алијанса за Албанците, Атнан Незири, Сафије Садики Шаини од Алтернатива, Фадил Зендели од Движењето БЕСА, членовите на Работната група за учество во Дијалогот Жан Моне и надворешните експерти, како и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова со стручната служба на Собранието од 7 до 9 Декември 2023 година учествуваa на четвртиот Жан Моне Дијалог на Собранието со Европскиот Парламент, кој што се одржа во куќата на Жан Моне, во Базош сур Гијон во Франција.
Тие присуствуваа во Франција на покана на европратениците, олеснувачи на Дијалогот Жан Mоне, Андреас Шидер, Марион Валсман и Илхан Ќучук.
Овој процес на дијалог, воспоставен во 2018 година, првично беше олеснет од покојниот европратеник Едуард Кукан (ЕНП), Кнут Флекенштајн (С&Д) и Иво Вајгл (АЛДЕ), заедно со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери за време на 8-от парламентарен мандат.
Во тековниот парламентарен мандат, процесот продолжи и беше олеснет од претседателот Џафери заедно со европратениците Марион Валсман (ЕНП), Андреас Шидер (С&Д) и Илхан Ќучук (Обнови).
Четвртиот Жан Моне дијалог се одржа по усвојувањето на новиот Деловник од страна на Собранието на Република Северна Македонија, а во пресрет на идните парламентарни и претседателски избори во Република Северна Македонија.
Џафери заедно со раководството на Собранието учествуваа на Жан Моне процесот, кој што е заснован на градење доверба и постигнување компромис.
Присутните, на консензуален начин усвоија збир на заклучоци, вклучително и за посветеноста да се продолжи со работа со целиот политички спектар во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија и во насока на успешно завршување на процесот на пристапување во Европската унија.
По дводневни активни дискусии, ко-фасилитаторите на процесот на Дијалогот Жан Моне, претседателот Талат Џафери и пратениците од Европскиот Парламент ја дадоа следната изјава:
„Сакаме да им се заблагодариме на сите пратенички групи и претставници на парламентарните партии вклучени во процесот на Дијалогот Жан Моне, за нивната неуморна и посветена работа на Деловникот кој беше усвоен со широк меѓупартиски консензус на 20 ноември 2023 година.
Денес се наоѓаме во Куќата на Жан Моне, основачот на Европската Унија кој решително работеше на својата визија за обединета, мирна и просперитетна Европа, со зближување на луѓето и земјите. Оваа куќа е симбол за постигнување консензус преку дијалог и токму тоа се случуваше во текот на целиот процес и изминатите два дена.
Секоја европска демократија има потреба од добро функционален парламент со јасна визија и силна решеност да испорача на своите граѓани. Силен парламент не е прашање на големината на парламентарното мнозинство, туку е демократски столб на општеството со култура на дијалог на високо ниво, со јасни правила почитувани од сите и форум каде што се носат одлуки по дебати и размена на најдобри идеи.
Преку Дијалогот Жан Моне, Собранието не само што беше ставено во центарот на градењето консензус во однос на законодавството за поддршка на реформските процеси на патот на земјата кон пристапување во Европската унија, туку и беше ставено во водечката улога, користејќи ги сите демократски, надзорни и законодавната легитимност и надлежност“.
Приложените заклучоци со ова соопштение го претставуваат позитивниот исход од четвртиот Жан Моне Дијалог.