Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, вели дека тие отсекогаш биле најсериозните поддржувачи на Северна Македонија, но потсети дека на Договорот за добрососедство потпис ставија двајцата премиери и додава дека не е добро да се оспорува она што го пишува таму, пишува БГНЕС.
„Нашата цел е да ја признаеме заедничката историја, да ги чествуваме заедно оние херои што се самоопределувале како Бугари, но се бореле за идеалите на Македонија, која, што е проблемот да се каже, да, јазичната норма, која е официјална во нивниот Устав, започна во 1945 година и се заснова на бугарскиот јазик. Кој е проблемот да го кажат тоа? Ние не го оспоруваме нивниот идентитет, ние први бевме кои ја признавме, тогаш Република Македонија. Не постои правна норма за признавање на нација и јазик“,
изјави Захариева.
Таа додава дека уште во 1999 година имаше договор меѓу двете земји, кој беше потврден со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
„Уште тогаш се договоривме како да се нарекува официјалниот јазик, според Уставите на двете држави. Тоа е формулата за која се согласивме и сакам да се придржуваме до неа“,
додава Захариева.