Периодот кој што е пред нас носи сериозни предизвици, а тоа се вакцинацијата, пописот и јакнењето на економските инвестиции, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на трибината во Дебар под мотото „Најдоброто за нашата општина“.
„Да продолжиме со вакцинација, сите да се вакцинираме, со тоа го штитиме своето здравје и здравјето на нашите роднини и пријатели. Ова зло не е искоренето, но ние сакаме да биде под контрола, како сега да можат децата наесен одат научилиште. Во септември ќе направиме попис на граѓаните, на еднакви граѓани, на сите, и воопшто не ми е гајле колку се Македонци, Албанци, Турци, Роми Власи, Бошњаци, тоа се граѓаните на Северна Македонија“,
порача Заев.
Отворивме интервентен план за инвестиции, кој е димензиониран насекаде низ државата. На една милијарда од ЕУ, која и припаѓа на Северна Македонија додадовме уште 7, со кои ќе го дигнеме севкупниот економски стандард на државата, нагласи партискиот претседател.