Трети сили и трети страни и тоа како имаат влијание и кај нас и во целиот регион, прашањето е колку тоа го дозволуваме или не, изјави премиерот Зоран Заев, во емисијата „Топ Тема“ на Телма ТВ одговарајќи на прашањето дали последното вето од Бугарија може да ја отвори вратата за влез на други вредности.
Сепак, она што го плаши, како што рече Заев, е порастот на евроскептицизмот.
„Мене тоа што ме плаши е порастот на евроскептицизмот, заради ЕУ и причините кои ЕУ ги дава на евроскептиците овде, дома. Тоа носи извитоперени вредности, вредности на анархизам, на автократија, на хаос. Над 85 проценти од нашиот народ е за демократските вредности. Кога нешто европско не е потврдено од ЕУ, луѓето почнуваат да размислуваат за други патишта“,
рече Заев.
Тој порача дека државата ќе продолжи со европеизација, но не може секои 6 месеци да се чека извештај. Стануваат беспредметни, рече Заев, и сите извештаи од ЕУ.