Премиерот Зоран Заев денеска во својот кабинет се сретнал со европратеникот Андреас Шајдер, на кого, според владиното соопштение, му изразил очекување дека може да се најде решение и покрај денешната блокада на Бугарија за преговарачката рамка на амбасадорскиот состанок во Брисел.

„Премиерот Заев од своја страна се заблагодари на поддршката што доаѓа од Европскиот парламент и изрази очекување дека и покрај денешната одлука на Република Бугарија да не даде поддршка за преговарачката рамка за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, и дека со засилена комуникација и дополнителен ангажман постојат можности за излезни решенија за да има успех за сите, за македонската интеграција, за Република Бугарија, за регионот и за Европската Унија“,
соопштија од Влада.
Шајдер, пак, кој е и претседавач на заедничкиот парламентарен комитет за соработка меѓу Европската Унија и нашата земја, на средбата го поздравил извештајот на Европската комисија за земјава и оценил дека тоа е потврда за определбата на земјата да ги исполни своите обврски на патот кон ЕУ.