Сонот на сите претходни генерации за независна и слободна држава се исполни. Оваа година слободни и отворени кон светот ја славиме независноста, напиша премиерот Зоран Заев, на својот Фејсбук профил, по повод Денот на независноста.
„Пред 29 години, на 8 септември, граѓаните на Република Македонија, на сите идни поколенија на оваа земја, им го дадоа најголемиот подарок – независноста на државата. Сонот на сите претходни генерации за независна и слободна држава се исполни. Оваа година слободни и отворени кон светот ја славиме независноста! Нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста!“,
се вели во честитката од премиерот Заев до граѓаните.