При напуштање на седиштето на СДСМ, беше пречекан од неколку телевизиски екипи. Иако не сакаше да даде изјава, новинарите инсистираа, па тој одговори на неколку прашања
Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за медиумите синоќа истакна дека очекува парламентарното мнозинство да се стабилизира.
При напуштање на седиштето на СДСМ, беше пречекан од неколку телевизиски екипи. Иако не сакаше да даде изјава, новинарите инсистираа, па тој одговори на неколку прашања.
Рече дека уште кога ја најави оставката на денот на изборите рекол дека ќе остане во наредниот период за да помогне да се одржи парламентарното мнозинство.
„Искрено очекувам дека демократското парламентарно мнозинство ќе се стабилизира, пред сѐ тоа што е ориентирано за евроатлантскиот пат, за мултиетничкото наше општество, за држење на меѓусоседските односи и тоа што е ориентирано кон позитивните реформи во државата. Затоа се овие напори. Уште еднаш напоменувам, вечерта на 31 кога ги објавив оставките од двете функции реков останувам периодот за да се посветам да помогнам во одржувањето на парламентарното мнозинство“,
рече Заев.

Претходно претседавачот со ЦО на партијата Перо Костадинов на прес-конференција соопшти дека највисоките партиски тела донеле едногласна одлука Заев да ги одложи оставките до нормализирање на состојбата.