Претседателот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски потпишале изјави со кои официјално се откажуваат од средствата кои им следуваат за патни трошоци како пратеници. Информацијата на фејсбук ја сподели Николовски.
„Укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на СДСМ и наша програмска определба.За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци. Ги охрабрувам колегите од сите партии да го следат овој чекор. Да дадеме мал придонес во насочување на што повеќе пари кај граѓаните, кај оние на кои им се најпотребни“,
напиша Николовски на фејсбук.
