Пртеседателот на СДСМ, Зоран Заев, смета дека иако Груевски официјално не е политички ангажиран, тој во голема мера влијае врз политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Коментирајќи го вклучувањето на кандидатот за дополнителен заменик-министер за земјоделство Цветан Трипуновски во интервјуто за „Слободна ТВ“, Заев потенцира дека можеби Груевски го нема, но се најавуваат некои други Груевци.
„Тоа се деца растени околу Груевски и не знам во кој свет и во кој филм живеат. Целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ е под контрола на Никола Груевски, веројатно тој ги дава парите, тој ја диригира политиката и жалам што е така. Реков и повторувам јавно, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се промени, тогаш и ќе биде вистински политички противник, а дотогаш, за жал, ќе помине подолго време. Велам за жал, зашто треба да има компетенција и сериозен натпревар меѓу нас. Ќе мора уште неколку години да се реформираат, да се променат внатре и да ги зајакнат своите политики. Ако се за НАТО, да бидат за НАТО, ако се за ЕУ, да бидат за ЕУ, ако е нешто добро, да потврдат дека е добро, а ако не е, тогаш со право да критикуваат.“, изјави Заев.