Вкупно досега се аплицирани 259 577 дози вакцини, а ревакцинирани се 38 806 граѓани
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 220 733 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4 123 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 4 148 граѓани.
Во државата вкупно се аплицирани 259 577 дози вакцини, а ревакцинирани се 38 806 граѓани. Со последните бројки 45,7 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 398 243 граѓани.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.