СЗО, исто така, повика на поголема заштита на децата, во моментов меѓу најтешко погодените возрасни групи во Европа
Се повеќе европски земји, вклучително и Германија, дебатираат на тема воведување задолжителна вакцинација против ковид-19, откако Австрија во ноември објави дека започне со имплементација на оваа мерка од 1 февруари следната година, што предизвика големи протести во земјата.
„Обврските за задолжителна вакцинација се апсолутна последна опција и се применуваат само кога се исцрпени сите изводливи опции за зголемување на вакцинацијата“,
изјави генералниот директор на СЗО за Европа.
Според Клуге, ефективноста на задолжителната вакцинација е од многу специфичен контекст и „треба да се земе предвид довербата на јавноста во владата“.
„Она што е прифатливо за едно општество и заедница може да не биде ефективно и прифатливо во друго. Индонезија, Микронезија и Туркменистан, исто така, воведоа задолжителна вакцинација за сите возрасни лица“,
рече Клуге.
СЗО, исто така, повика на поголема заштита на децата, во моментов најтешко погодените возрасни групи во Европа.
„Употребата на маски и вентилација и редовното тестирање треба да биде стандард во основните училишта, а за вакцинацијата на децата треба да се разговара на национално ниво“,
рече Клуге.