Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресите биле со јачина од 2,7 до 4,7 степени според Рихтеровата скала во пограничниот дел со Албанија
Четири земјотреси, од кои најсилниот со интензитет во епицентарот од 4,7 степени според Рихтеровата скала, се почувствувани изутринава во западниот дел на земјава. Првиот земјотрес бил во 8:05 часот со интензитет од 3,3, вториот од 2,7 степени бил четири минути подоцна, третиот и најсилен во 8:10 часот, а последниот од 3,6 степени во 8:11 часот.
Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресите бил на 18 километри западно од Центар Жупа и 49 километри североисточно од Тирана, на длабочина од 10 километри.