Денешното гласање го одбележа првиот пат во 100 години како кандидат не успеал да стане претседател на Претставничкиот дом на првото гласање. Рекорден број на кругови на гласање за избор на претседател на Домот е 133 во период од два месеци во 1850-ите години
За првпат по еден век, Претставничкиот дом на САД не успеа да избере свој претседател на гласањето во првиот круг. Републиканецот Кевин Мекарти не успеа да го освои потребното мнозинство во гласањето во првиот круг и не беше избран за претседател на Претставничкиот дом на САД поради противењето на неговата партија, пишува Си-ен-ен.
Иако републиканците имаат 222 членови во Конгресот, нивниот кандидат Кевин Мекарти не успеа да го добие потребното мнозинство од 218 гласови за да ја наследи демократката Ненси Пелоси како спикер на Претставничкиот дом. Мекарти обезбеди 203 гласа наспроти лидерот на Демократската партија во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, кој освои 212 гласа.
Гласањето сега се префрла во втор круг додека не се избере претседател.
Денешното гласање го одбележа првиот пат во 100 години како кандидат не успеал да стане претседател на Домот на првото гласање. Рекорден број на кругови на гласање за избор на претседател на Домот е 133 во период од два месеци во 1850-ите години.
Додека Сенатот останува во рацете на демократите, републиканците во Претставничкиот дом сакаат да се спротивстават на агендата на претседателот Џо Бајден по две години монопол на власта на Демократската партија во Вашингтон. Но, прво, републиканците во Домот мора да изберат претседател.