Осомничениот со лак и стрела изврши напади на неколку локации во Конгсберг што е најлошиот во Норвешка од 2011 година, кога екстремниот десничар Андерс Брејвик уби 77 луѓе, главно тинејџери кои присуствуваа на младински политички камп
Дански државјанин е осомничен за убиството на петте лица во вчерашниот напад со лак и стрела во норвешкиот град Конгсберг, соопшти денеска норвешката полиција.
Во нападот, што се случи вчеравечер, беа повредени уште две лица, меѓу кои и полицаец кој не бил на должност. Осомничениот со лак и стрела изврши напади на неколку локации во Конгсберг, град со околу 28 илјади жители што се наоѓа на 68 километри југозападно од Осло.
Напаѓачот (37) е уапсен, а полицијата истражува дали користел некое друго оружје. Се верува дека напаѓачот дејствувал сам. Нападот се случи во 18:30 часот по локално време, а полицијата соопшти дека спроведува истрага за да утврди дали нападот има врска со тероризам.
Полицијата соопшти дека ја открила националноста на напаѓачот за да ги спречи гласините откако на социјалните мрежи се појавија одредени дезинформации.
„Во тек е распитот на осомничениот и тој соработува со полицијата“, изјави неговиот адвокат
„Во тек е распитот на осомничениот и тој соработува со полицијата“, изјави неговиот адвокат.
Нападот траел повеќе од половина час во пошироката област Конгсберг, вклучувајќи ја и продавницата „Coop Extra“, пренесе весникот „Афтенпостен“.
По нападот, полицајците низ целата земја добија наредба да носат огнено оружје. Норвешката полиција е генерално невооружена, но полицајците имаат пристап до оружје кога е потребно. Ова се објаснува како мерка на претпазливост и дека „засега нема индикации дека националното ниво на опасност ќе се промени“.
Бројот на загинати го прави овој напад најлошиот во Норвешка од 2011 година, кога екстремниот десничар Андерс Брејвик уби 77 луѓе, главно тинејџери кои присуствуваа на младински политички камп.