Ако оваа сума се спореди со минималната потрошувачка кошничка пресметана за јануари лани, тоа значи дека трошоците што ги има едно четиричлено семејство за една година се зголемиле за речиси 15 илјади денари. Во јануари минатата година ССМ пресмета дека минималната синдикална кошничка изнесува 35 811 денари
За да си ги обезбеди основните потреби, на едно четиричлено семејство во јануари годинава му биле потребни 50 799 денари, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Ако оваа сума се спореди со минималната потрошувачка кошничка пресметана за јануари лани, тоа значи дека трошоците што ги има едно четиричлено семејство за една година се зголемиле за речиси 15 илјади денари. Во јануари минатата година ССМ пресмета дека минималната синдикална кошничка изнесува 35 811 денари.
Во јануари годинава, според податоците на ССМ, едно четиричлено семејство најмногу пари, или вкупно 19 206 денари, потрошило за храна и пијалаци. За режиски трошоци биле потрошени 13 313 денари, за хигиена биле потребни минимум 3 097 денари, а за превоз 3 668 денари.
Државниот завод за статистика вчера објави дека во периодот од јануари минатата година до јануари годинава, трошоците за живот пораснале за 17,1 отсто, а во истиот период цените на мало се зголемиле за 13,3 проценти.
Споредено со декември 2022 година, според ДЗС, трошоците за живот во јануари годинава се зголемиле за 0,1 процент, а цените на мало, пак, се намалиле за 0,4 проценти.