Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН повикува на итни продолжени хуманитарни паузи за да се овозможи пристап на помошта до Газа
Амбасадорот на Израел во ОН ја отфрли резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која повикува на хуманитарни паузи, и ја нарече „исклучена од реалноста“ и „бесмислена“.
„Без оглед на тоа што ќе одлучи Советот, Израел ќе продолжи да дејствува според меѓународното право, додека терористите на Хамас воопшто нема да ја читаат резолуцијата, а камоли да ја почитуваат. Жално е што Советот продолжува да го игнорира, да не го осудува, па дури и да не го споменува масакрот што Хамас го изврши на 7 октомври, што доведе до војната во Газа. Навистина е срамота“,
се вели во објавата на Икс од амбасадорот Гилад Ердан.
The @UN Security Council’s resolution is disconnected from reality and is meaningless. Regardless of what the Council decides, Israel will continue acting according to int’l law while the Hamas terrorists will not even read the resolution at all, let alone abide by it. It is…
— Ambassador Gilad Erdan גלעד ארדן (@giladerdan1) November 15, 2023
Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која е усвоена вчера, откако членките ги надминаа разликите по неколкунеделни несогласувања, повикува на итни продолжени хуманитарни паузи за да се овозможи пристап на помошта до Газа. Исто така, се повикува и на итно и безусловно ослободување на сите заложници што ги држи Хамас.
За резолуцијата, која е прва на ОН за израелско-палестинскиот конфликт од 2016 година, гласаа 12 членки.
Велика Британија и САД, две држави што имаат право на вето во Советот, гласаа воздржано бидејќи резолуцијата не содржела јасна критика кон Хамас. Русија, пак, која исто така е постојана членка со право на вето, се воздржа од гласање бидејќи документот не повикувал на моментален прекин на огнот.