Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а досега интерес за вакцина изразиле 318 793 граѓани преку платформата vakcinacija.mk.
„Прва доза вакцина вчера примиле 13 976 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14 976 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 160 425 дози, а ревакцинирани се 24 851 граѓанин. Со последните бројки, 35% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина“,
информираат од Министерството за здравство.
Вакцинацијата се спроведува согласно националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани што искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.
„Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид. Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат“,
информираат од Министерството.