И обајцата тврдат дека ја имаат поддршката од многуте членови на месните комитети
Од СДСМ најавија дека првите имиња на кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ ќе бидат познати на 13 јули на седница на партиското раководство
Александар Филиповски и Златко Марин засега е познато дека поднеле кандидатури за градоначалник од СДСМ. И двајцата ова го објавија на своите фејсбук-профили.
И обајцата тврдат дека ја имаат поддршката од многуте членови на месните комитети.
„Ја прифатив номинацијата од страна на многу членови од сите месни организации во ОО Аеродром. Време е за нова енергија – заедно да работиме за #НајдобротоЗаАеродром. Ја барам поддршката од Социјалдемократскиот сојуз за мојата кандидатура за градоначалник на Општина Аеродром. Подготвивме навистина квалитетна програма за следните четири годинии. Целото мое знаење и искуство ќе го вложам во градење на локална самоуправа која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Во Аеродром пораснав, го познавам секој дел од општината и знам што е потребно за да биде подобро. Токму затоа ќе ми биде чест и задоволство да го дадам својот придонес. Заедно да создадеме место каде што ќе растат и ќе се развиваат уште многу идни генерации“,
напиша тој на Фејсбук.
Попладнево, исто така преку Фејсбук се огласи и актуелниот граадоначалнк Златко Марин. И тој не се предава, па поднел кандидатура за втор мандат.
„Како што најавив, денеска и официјално во просториите на ОО СДСМ Аеродром ја доставив кандидатурата за Градоначалник на Општина Аеродром. Им се заблагодарувам на членовите во сите месни одбори кои ми ја дадоа поддршката за нов мандат. Заедно, одиме до нова победа на локалните избори. Продолжуваме со уште посилно темпо и во наредните четири години“,
напиша Марин.
Од СДСМ најавија дека првите имиња на кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ ќе бидат познати на 13 јули на седница на партиското раководство.
Досега има 562 кандидати за градоначалници и 4.530 кандидати за советници, а партијата веќе спровела истражувања, анкети и анализи за 20-тина општини.