Според сознанијата на „Вијести“, обдукцијата открила дека имало најмалку пет влезни рани, а со какво оружје било пукало во Бориловиќ и кои рани биле смртоносни, ќе проценуваат балистички експерти и патолози
Вук Бориловиќ бил погоден со најмалку пет куршуми, покажала обдукцијата. Според сознанијата на „Вијести“, обдукцијата открила дека имало најмалку пет влезни рани, а со какво оружје било пукало во Бориловиќ и кои рани биле смртоносни, ќе проценуваат балистички експерти и патолози.
Бориловиќ вчера во центарот на Цетиње уби десет сограѓани, меѓу кои и две малолетни деца, а рани шестмина.
„Вијести“ дознава дека Бориловиќ имал дозвола за оружјето со кое го извршил масакрот во Цетиње, бидејќи имал дозвола за оружје како ловџија.

Во текот на крвавата драма, Бориловиќ со ловечка пушка пукал во соседите, итната медицинска помош, припадниците на полицијата и случајните минувачи. Според надлежните, при размена на оган со полицијата тој бил застрелан од сограѓанин.
Претходно, Бориловиќ одби да им се предаде на органите на прогонот, иако беше опкружен.