Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вели дека на предвремените парламентарни избори во Косово ќе победат силите што се залагаат за голема Албанија што странците потоа ќе го искористат за да извршат притисок врз Србија за признавање на независноста на Косово.
Како што јавува МИА, српскиот претседател оценил дека Србија во секоја смисла ја чека многу тешка пролет, тешко лето и тешка есен.
„На овие избори (во Косово) сигурно ќе победат силите што инсистираат на обединување со Албанија. Така рече Рамуш Харадинај, а тој е опасен човек кој очекува на Албин Курти да му треба една албанска партија за коалиција. И се залага да биде подоцна да биде избран за претседател на Косово. Тогаш тие би ја имале таа коалиција за голема Албанија“,
рече Вучиќ за ТВ Прва.
Тој додаде дека после тоа странците ќе ѝ ја изнесат на Србија идејата за признавање на независноста на Косово како компромисно решение заради спречување на формирањето на голема Албанија.
„Затоа е важно да се обидеме да ја зачуваме силата на Српската листа (на Косово), но и да се подготвиме за тешки притисоци“,
кажа Вучиќ.
Српскиот претседател изјави дека аферата со прислушувањето на неговите разговори и членовите на семејството била многу болна но додаде дека е горд што немало што да се извлече од тие разговори.
Тој повтори дека нема да зборува за таа афера, но ги повика оние кои, како што изјави, мислеле да го уценуваат, да ги објават прислушуваните разговори.