Не можеме да чекаме додека другите да станат расположени да го решаваат косовското прашање, вели лидерот на Алијансата за иднина на Косово
Претседателот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај денеска најави референдум за обединување со Албанија, за време на презентацијата на изборната програма.
Тој рече дека Косово не може да чека додека другите да станат расположени да ги решат многуте отворени прашања.
„Ќе дојде денот кога новиот претседател на САД или новиот германски канцелар ќе треба да одлучат што ќе му кажат на Косово – во 2024, 2025 или 2026 година … Очекувајте да сториме нешто. Ниту сме прифатиле, ниту сме оставиле замрзнат конфликт, ниту сме прифатиле да не раздела. Но ќе одиме на референдум за обединување со Албанија, запомнете го ова“,
рече Харадинај, како што пренесува „Косово онлајн“.
Харадинај објасни дека тоа не е прашање на љубов и потсети дека косовските Албанци уште пред 20 години му дадоа збор на Западот дека сакаат да ја почитуваат заедничката визија – Косово да влезе во ЕУ, во НАТО, да стане членка на ОН и Белград да го признае тоа.
„Доколку ЕУ сакаше да убеди пет земји-членки да ја сменат својата позиција, а Америка сакаше да ни помогне да добиеме признание од Израел, зошто нашите европски партнери не држат толку изолирани? Зошто не оставаат настрана и од време на време ни кажуваат дека сме виновни за тоа. Зарем не се виновни Србија и другите соседни земји, дали тие беа совршени“,
рече Харадинај.