Зборувајќи за економската состојба, српскиот претседател рече дека инфлацијата во Србија запрела во декември
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчеравечер во интервју на ТВ Прва на граѓаните на Србија им посака добро здравје и уште побрз економски напредок.
Тој посака и да се зачува мирот, а Србите на Косово „да преживеат, да останат, да си го зачуваат името и презимето, огништата“.
„Ние секогаш ќе бидеме со нив и тоа не е политички слоган, тие сега се убедени во тоа“,
рече Вучиќ за косовските Срби.
Зборувајќи за економската состојба, српскиот претседател рече дека инфлацијата во Србија запрела во декември.
Тој посочи дека најмногу го загрижува ситуацијата околу Косово и другите притисоци.
„Тоа што ќе не малтретираат за Русија и за се друго е веќе секојдневие. Ќе има доволно струја и гас, се ќе има за луѓето да можат без грижа да ги слават новогодишните празници и Божиќ. За Србија нема да има зима “,
нагласи Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ги има најтоплите станови во Европа и дека тоа ќе биде така и понатаму.
„До денес бев скептик, а сега, и да ни укинете сè, ќе имаме од се доволно. Се осигуравме на време, следната година ќе има голема битка за енергенси, храна и вода“,
предупреди тој.
Тој тврди дека многу фабрики се затвораат насекаде во европските земји, а се отвораат во Србија.
„Имаме многу злато. Нашиот јавен долг е на ниско ниво од околу 55 отсто од БДП и подобар отколку во повеќе од 92 отсто од земјите на ЕУ“,
тврди Вучиќ.