„Отворен Балкан“ е иницијатива поради која нема веќе да се срамиме од Западен Балкан, рече српскиот претседател
Му благодарам на Зоран Заев и Еди Рама, на храброста да влеземе и да направиме најдобра иницијатива која ќе го смени лицето на Балканот, од чие име не се срамиме, иницијатива која ќе донесе многу добри работи за нашите граѓани, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференцијата во Тирана на „Отворен Балкан“.
Тој му се обрати на премиерот Заев и изрази благодарност за неговиот придонес.
„Тебе многу ти благодарам за се, на огромниот труд, иако знам дека утре официјално поднесуваш оставка, сакам да ти се заблагодарам за сѐ што направи и за пријателството меѓу Србија и Северна Македонија, за трите земји, на што работеше и градеше, и да му посакам добредојде на господинот Ковачевски“,
изјави Вучиќ и најави нов самит на „Отворен Балкан“ во февруари во С Македонија, а потоа и во мај и јуни во Белград.