„Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме заедно на зајакнување на односите меѓу Србија и Македонија за напредокот и благосостојбата на нашиот народ, како и за просперитетот на целиот регион“, напиша српскиот претседател
Ѝ ја честитам победата на Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на Северна Македонија со желба таа успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема.
Ова вечерва на социјалната мрежа Икс го напиша српскиот претседател Александар Вучиќ за идната претседателка на државава, Гордана Силјановска-Давкова, која освои 481 217 илјади гласа во вториот круг од претседателските избори според 87,03 отсто од обработените избирачи. Нејзиниот противкандидат поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, пак, според истиот процент на обработени избирачи, освоил 216 902 гласа.

„Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме заедно на зајакнување на односите меѓу Србија и Македонија за напредокот и благосостојбата на нашите народи, како и за просперитетот на целиот регион“,
напиша Вучиќ.
Честитам @gogamkd на избору за председницу ?? са жељом да успешно обавља одговорну дужност коју преузима. Уверен сам да ћемо заједнички наставити да радимо на јачању веза између ?? и ?? у циљу напретка и добробити наших народа, као и просперитета целог региона.
— Александар Вучић (@predsednikrs) May 8, 2024
Во коментар под неговата објава му одговори идната претседателка на државава. Напиша дека ѝ значи неговата честитка.

„Многу ми значат вашите искрени честитки, претседателе Вучиќ. Очекувам дека ќе продолжиме да работиме на унапредување на извонредните македонско-српски односи. Хвала пуно, претседниче Вучиќу“,
напиша Силјановска-Давкова на Икс.