Европската Унија им се придружи на пораките што вчера ги испратија францускиот претседател Макрон и германскиот канцелар Шолц, кои ги повикаа Приштина и Белград што е можно поскоро да организираат нови избори во четирите општини на северот на Косово, наведувајќи дека истовремено е неопходно да се разјаснат изборните правила. Макрон рече дека побарале јасни одлуки до следната недела
На фотографија која на својот официјален твитер-профил ја сподели шефот на европската дипломатија Жозеп Борел може да се види дека во Молдавија се одржала заедничка средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата косовската колешка Вјоса Османи.

На средбата, од фотографијата се гледа дека на неа покрај Борел присуствувале и лидерите на Франција и на Германија – Емануел Макрон и Олаф Шолц.
Инаку, во главниот град на Молдавија се одржува вториот Самит на Европската политичка заедница, а средбата меѓу Вучиќ и Османи е организирана на маргините на Самитот.
Засега нема информации за исходот на средбата и дали е постигнат некаков исчекор кон нормализирање на тензичната ситуација на северот на Косово, која ескалираше по обидот на избраните градоначалници Албанци да ги преземат функциите во четирите општини на северот со претежно српско население.
Во објавата на Борел, заедно со фотографиите се наведени три барања што Европската Унија ги поставува за властите во Приштина:
- нови локални избори (на северот на Косово) сега;
- обезбедување учество на косовските Срби;
- да започне работата за формирање на Заедницата на општините со српско мнозинство со дијалог посредуван од ЕУ.
We have 3 clear requests:
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) June 1, 2023
– new local elections now
– ensuring the participation of Kosovo Serbs
– start the work to establish the Association of Serbian Majority Municipalities w/in EU-facilitated Dialogue
Failure to do so, will have serious consequences for our relations. pic.twitter.com/xT4n0oPymK
Со ова Европската Унија им се придружи на пораките што вчера ги испратија францускиот претседател Макрон и германскиот канцелар Шолц, кои ги повикаа Приштина и Белград што е можно поскоро да организираат нови избори во четирите општини на северот на Косово, наведувајќи дека истовремено е неопходно да се разјаснат изборните правила. Макрон рече дека побарале јасни одлуки до следната недела.
„Неуспехот да се стори тоа ќе има сериозни последици за нашите односи“,
вели шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел во објавата.
Косовската претседателка Вјоса Османи потврди дека Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц побарале Приштина да најде начин да организира нови избори на северот на земјата и на нив да учествуваат косовските Срби.
Османи, како што пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, на европските лидери им порачала дека законските процедури овозможуваат одржување на избори.
Во општините со српско население на северот на Косово тензиите ескалираа уште на 26 април откако градоначалници Албанци со помош на специјалните сили на косовската полиција се обидоа да ги преземат функциите во општините со мнозинско српско население откако победија на изборите што Србите ги бојкотираа.
Насилствата дополнително ескалираа три дена подоцна, кога припадници на КФОР интервенираа да ги растераат српските демонстранти кои беа собрани пред општинската зграда во Звечан, по што дојде до конфликт во кој беа употребени солзавец и шок-бомби, а со повреди завршија десетици лица од двете страни.
По инцидентите во Звечан, НАТО одлучи да ја зголеми својата мисија од 4 000 војници на Косово за дополнителни 700 војници, откако 30 војници на КФОР беа повредени за време на судирите со српските демонстранти.
Протестите на косовските Срби продолжија и денеска – седми ден по ред. „Нема да нè избркате од нашите домови“, „Сакаме мир, а не солзавец и шок-бомби“, „Сите сме ние Радош и Душан“, пишува на дел од транспарентите со кои утрово Србите излегоа на протести во Звечан.
Српските медиуми пренесоа дека дел од оние што протестираат ноќта ја поминале во близина на поставената и засилена бодликава жица.
КФОР не дозволува возила на косовската полиција да минуваат низ улицата кон општината за да ги зачува граѓаните на безбедно и да спречи нови конфликти.