За утре еколошките здруженија повторно најавија протести и блокади во над триесет града ширум Србија, со цел, како што велат, да се изборат за поздрава иднина во својата земја
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека власта ги исполнила сите еколошки барања што ги добила, а дека сите други барања се исклучиво политички, откако демонстрантите најавија дека ќе протестираат и утре против изградбата на рудник за ископување литиум.
Вучиќ додаде и дека ги прифатил барањата што ги сметал за политички каприци, како прашањата за таксите и периодот за повторување на референдумот, пренесува Н1.
Српското собрание го потпиша законот за експропријација, кој е директно поврзан со изградбата на рудник за ископување литиум, но по протестите што се одржаа изминатите недели, Вучиќ не го потпиша законот и го врати назад на повторно разгледување, по што владата го повлече од собраниска процедура.
За утре еколошките здруженија повторно најавија протести и блокади во над триесет града ширум Србија со цел, како што велат, да се изборат за поздрава иднина во својата земја.