За разлика од минатиот декември, второто обраќање на петтиот шеф на државата е во значително поразлична политичка атмосфера, обременета со здравствена криза
Ланското обраќање на Пендаровски беше по француското „не“ за почеток на преговорите со ЕУ, што предизвика предвремени избори, додека годинашново е во постизборен период и во ситуација кога се стравува дека бугарското вето ќе го оневозможи одржувањето на првата меѓувладина конференција
Претседателот Стево Пендаровски, на 16 декември, ќе се обрати пред пратениците, вторпат по доаѓањето на чело на државата – во мај 2019 година.
Ова е прво обраќање на Пендаровски пред десеттиот состав на парламентот, кој беше конституиран во август годинава, по предвремените парламентарни избори на 15 јули.
Во изминатата година, Пендаровски мошне активно беше вклучен во справувањето со ковид-кризата, која ја затекна земјата во ситуација кога претходниот собраниски состав беше распуштен, така што шефот на државата во пет наврати, наместо Собранието, прогласуваше вонредна состојба.
ВМРО-ДПМНЕ не ја „признава“ вонредната состојба
Во „постојано“ заседание е и Советот за безбедност, со кој раководи Пендаровски, кој неодамна, како врховен командант, потпиша наредба за вклучување на Армијата во справувањето со ковид-кризата.
Пендаровски: Армијата ќе обезбедува стратешки објекти, болници, магацини со лекови…
Од друга страна, во делот на надворешната политика, 2020 година за Пендаровски помина во знак на откажување на посети на други држави и на лични средби со странски државници, со кои, поради пандемијата, главно комуницираше телефонски или онлајн.
Ден на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, чествувањето во Рим откажано поради пандемијата
Пендаровски ја откажа посетата на Загреб поради состојбата со ковид-19
Коронавирусот, сепак, го одложи процесот „Брдо-Бриони“, и Пендаровски нема да оди во Крањ
За разлика од минатиот декември, кога Пендаровски првпат се обрати пред Собранието, неговото второ обраќање е во значително поразлична политичка атмосфера, обременета со светската здравствена криза, која силно се почувствува и во нашата земја и предизвика и економски реперкусии.
Од друга страна, ланското обраќање на Пендаровски беше непосредно по француското „не“ за почеток на преговорите на С Македонија со ЕУ, што беше причина за распишување предвремени парламентарни избори во земјава.
Годинашново обраќање, пак, е во постизборен период, кога новата влада на СДСМ и на ДУИ ги заокружува првите 100 дена, како и во ситуација кога се стравува дека бугарското вето ќе го оневозможи одржувањето на првата меѓувладина конференција на С Македонија со ЕУ, со што би бил означен официјалниот старт на преговорите.
Во изминатиот период, Пендаровски во неколку наврати ги изнесуваше во во јавноста своите ставови за проблемот со Бугарија, кој се испречи како нова пречка на европската интеграција на нашата земја.
Бугарската современа политика нема излезено од матрицата на „живковизмот“, вели Пендаровски