Втора единица припадници на Армијата денеска заминаа во Дебар и Центар Жупа, териториите каде е воведена кризна состојба поради коронавирусот. Станува збор за група од 50-тина војници и офицери.
Пред тргнувањето нив ги посети министерката за одбрана Радмила Шекеринска која го посети и оперативниот центар во касарната кој ќе раководи со ангажманот на Армијата за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19.
„По координацијата на МВР и Армијата од тука заминуваат околу 50-тина војници и офицери, како и еден дел од Армијата кои се веќе во Дебар ќе бидат ангажирнаи по потреба. Главниот фокус е во моментот контрола на граничната линија. Полицијата обезбедува контрола на главните правци кон и од Дебар, го ограничува транспортот. Целта ни е да се ограничи целосно влезот и излезот во овие две општини за да се спречи ширење на вирусот, а главна задача на Армијата е конторла на граничните линии“,
изјави Шекеринска.
До ангажирањето на Армијата дојде по иницијативата на Владата која претседателот Стево Пендаровски ја одобри вчера.