Вечерва во Краков Холандија забележа убедлива победа од 10 гола разлика. Напреварот заврши со резултат 32:24
Впечатокот е дека „црвено-жолтите“ ги направија истите грешки како во првото коло против Норвешка и вечерва на Холандија и дозволија лесно да поентира и да создаде недостижна разлика.
Холандските репрезентативци ја презедоа контролата од речиси самиот почеток на натпреварот и успеаја на полувреме да заминат со 18:11. Во втората поливна од мечот разликата се сведе на само четири гола предност за Холандија, но потоа следуваше исклучување на Филип Талески и нова серија на „лалињата“ кои така стигнаа до убедлив триумф.
Најефикасен во холандската селекција и на натпреварот беше Смитс со 10 голови, а во поразениот тим по четири погодоци постигнаа Филип Кузмановски и Жарко Пешевски. Наредниот натпревар Северна Македонија го игра во вторник против Аргетнина.