Протестирајќи пред Владата, утринава првиот човек на ССМ, Дарко Димовски, ги повика владините претставници да се реши проблемот преку усвојување на амандманот кој ССМ го поднесе до Собранието, а кој е во насока на исполнување на нивните барања со ребалансот на Буџетот за оваа година или со општиот колективен договор
За разлика од 1 мај, кога им била ветена повисока плата, сега, укажа Димовски, никој од владините претставници не ги пречекал. Во таа насока тој упати апел до сите работници да дојдат по ветеното и по своето оти, како што кажа, нема друг начин како да се издржи оваа економска криза и инфлација

Работникот дојде по ветеното и своето, порача утринава лидерот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски, на вториот ден од генералниот штрајк во јавниот сектор со кој бараат линеарно зголемување на платите за 2 806 денари и враќање на правото за регрес на годишен одмор од идната година.
Членството на Синдикатот денеска пред зградата на Владата симболично постави 21 столче – по едно за секој министер, откако вчера пред Собранието беа поставени вкупно 120 столчиња – наменети за пратениците.
Протестирајќи пред Владата, утринава првиот човек на ССМ, Димовски, ги повика владините претставници да се реши проблемот преку усвојување на амандманот кој ССМ го поднесе до Собранието, а кој е во насока на исполнување на нивните барања со ребалансот на Буџетот за оваа година или со општиот колективен договор.
За разлика од 1 мај, кога им била ветена повисока плата, сега, укажа Димовски, никој од владините претставници не ги пречекал.
„Денеска протестираме пред Владата да побараме поддршка од 21 министер за предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите за 2 806 денари, но за жал не не пречекаа како за 1 мај. Тогаш кажаа дека за сите ќе има линеарно зголемување на платите со ребалансот на Буџетот, но денеска ги нема“,
кажа Димовски.
Тој упати апел до сите работници да дојдат по ветеното и по своето, оти како што кажа, нема друг начин како да се издржи оваа економска криза и инфлација.
„Затоа ја повикувам целата Влада на чело со премиерот да го решиме проблемот што поскоро, сакаат преку амандман во Собранието, сакаат со Општиот колективен договор во јавниот сектор“,
изјави Димовски.
Димовски посочи дека се штрајкува низ целата држава, односно на сите работни места каде што се синдикално организирани, а најави дека по денешниот и вчерашниот протест пред Владата и Собранието, за утре е закажан протест и пред Министерството за финансии.
Вчера, на првиот ден од генералниот штрајк во јавниот сектор, синдикалците поставија 120 празни столчиња пред Парламентот сакајќи да ги потсетат пратениците да го прифатат амандманот со кој се бара во ребалансот на Буџетот да бидат одвоени средства за линеарното зголемување на платите.
Штрајкот официјално започна вчера со неизвршување на работните задачи на работните места од страна на вработените во јавниот сектор, а според најавите, додека трае штрајкот предвидено е само десет отсто од нив да работат онаму каде што е потребно.