Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време. До среда ќе се задржи сончево време, а од четврток ќе има зголемување на облачноста и ќе почне да дува умерен ветер од јужен правец
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 19 степени.
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време. До среда ќе се задржи сончево време, а од четврток ќе има зголемување на облачноста и ќе почне да дува умерен ветер од јужен правец.