Утре ќе се задржи стабилно време со понатамошен пораст на дневната температура, додека во вторник попладне и во текот на ноќта кон среда се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 Целзиусови степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје времето ќе биде сончево и претежно тивко со максимална температура до 18 степени.
Утре ќе се задржи стабилно време со понатамошен пораст на дневната температура, додека во вторник попладне и во текот на ноќта кон среда се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд.