За утре се најавува дека утрото ќе биде ведро и постудено, а преку денот времето ќе биде сончево и топло со температура до 22 степени

Утрото ведро и постудено, а преку денот сончево и релативно топло – ова е денешната временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурата наутро ќе биде од минус 5 до 3 Целзиусови степени, а во текот на денот од 12 до 19 степени.
Во Скопје, денеска наутро, ќе биде студено со температура до минус 1 степени. Преку ден, пак, ќе биде релативно топло со слаб северен ветер и со температура до 18 степени.
За утре се најавува дека утрото ќе биде ведро и постудено, а преку денот времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата во текот на денот ќе биде до 22 степени.