Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
До крајот на работната седмица и за време на викендот ќе се задржи стабилно и потопло време со повеќе сончеви периоди.