И утре ќе се задржи многу топло време со пораст на дневните температури, а од недела во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени, а УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб северен ветер и максимална температура до 37 степени.
И утре ќе се задржи многу топло време со пораст на дневните температури, а од недела во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе дува засилен североисточен ветер што ќе предизвика пад на температурата од 2 до 4 степени, известуваат од УХМР.