Во Скопје денеска наутро ќе биде умерено облачно, а во текот на денот сончево. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата во Скопје ќе биде до 8 Целзиусови степени
Времето денеска наутро ќе биде умерено до значително облачно, особено во западните делови. Уште од претпладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Наутро температурата ќе биде од -9 до 4, а попладне од 2 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје денеска наутро ќе биде умерено облачно, а во текот на денот сончево. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата во Скопје ќе биде до 8 Целзиусови степени.
Утре времето се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност, а на североистокот од земјата значително облачно. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Температурата наутро ќе биде од -7 до 3, а попладне од 4 до 12 Целзиусови степени. Во Скопје утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и засилен северен ветер.