Од недела и понеделник се очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи кое краткотрајно ќе биде во форма на невреме

Сончево и топло време со мала до умерена облачност се најавува во денешната прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот на некои места ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец со брзина од над 60 километри на час. Температурата наутро ќе биде од 4 до 9 Целзиусови степени, а во текот на денот од 15 до 27 степени.
Во Скопје, денеска, ќе има сончево и топло време со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурата ќе се искачи до 27 степени.
За утре се најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а ќе дува и умерен, наместа засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 29 степени.
Од недела и понеделник се очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи кое краткотрајно ќе биде во форма на невреме.
Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег и со засилен северен ветер. Дневните температури ќе опаднат за 7 до 10 степени.