Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе изнесува 19, а максималната 38 Целзиусови степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието, информираат од УХМР. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 15 до 21 степен, а максималните од 30 до 39 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе изнесува 19, а максималната 38 Целзиусови степени.
За утре од УХМР најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Од пладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.