Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, од утре и во деновите од претстојната седмица температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град
Денеска времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб дo умерен ветер од западен и северозападен правец, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови, претежно во планинските региони, ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи.

Утринската температура се движи во интервал од 13 до 21 Целзиусов степен, а максималната дневна ќе достигне од 31 во Маврово до 41 степен во Гевгелија и Демир Капија.
Во Скопје, според синоптичарите, исто така, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а дневната температура во главниот град ќе се искачи до 40 Целзиусови степени.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, од утре и во деновите од претстојната седмица температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.
