За утре се прогнозира променливо облачно и топло време со сончеви периоди, а температурата ќе опадне за неколку степени

Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, најавуваат метеоролозите за денешниот ден. Во попладневните часови на некои места ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Утринската температура ќе биде од 14 до 21 Целзиусов степен, а дневната ќе се движи од 29 до 40 степени.
И во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 20 степени наутро до 37 во текот на денот.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека времето утре ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, а температурата ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Дневната температура утре ќе биде од 29 до 38 степени.
