Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските и претпладневните часови, а ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската темпертура ќе биде 6, а дневната до 9 Целзиусови степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Во утринските и претпладневните часови врнежите ќе бидат пообилни во источните делови каде локално ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер, информираат од Управат за хидрометеоролошки работи. Поради заладувањето на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Темпертурата наутро ќе биде од 0 до 9 степени, а во попладневните часови од 1 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските и претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската темпертура ќе биде 6, а дневната до 9 Целзиусови степени.
Во деновите од викендот, од УХМР информираат дека времето ќе биде променливо облачно и студено со локални врнежи. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а на пониските места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој повремено ќе засилува.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.